logo
logo
logo

Силно невреме ги погоди Хрватска и Италија: Врнежи, град и штети

Vecer | 27.06.2025

Силно невреме ги погоди Хрватска и Италија: Врнежи, град и штети
Невреме во Хрватска
Невреме во Хрватска

Хрватска и Италија беа погодени од екстремно лошо време, проследено со интензивни врнежи од дожд, град и силни грмежи. Главниот град Загреб се најде под силен удар на бурата, а надлежните издадоа црвено предупредување за опасни метеоролошки појави.

Невремето започна во текот на изминатата ноќ, а најмногу последици се почувствуваа во општината Бродско-посавска. Утрово, центарот за цивилна заштита соопшти дека на бројот за итни повици 112 примиле значително повеќе јавувања поради последиците од невремето.

Истата бура ја зафати и Италија, каде што беа забележани обилни врнежи, град и исклучително силни ветрови, предизвикувајќи дополнителни штети во повеќе региони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk