Попладнево, ненадејна бура со силен дожд, громови и ветер го погоди Сплит, создавајќи вистински метеж на улиците и значителна материјална штета низ градот.








На повеќе локации имаше соборени дрвја, оштетени покриви, оштетени возила и поплавени улици. Жителите повикуваа за помош, а низ градот постојано се слушаа сирените на итните служби. Некои населени места во градската околина останаа без електрична енергија, а сообраќајот беше делумно блокиран. Во клиничкиот центар во Сплит беа примени 24 лица со различни повреди.
Парк шумата Марјан беше затворена за посетители поради опасност од паднати стебла. Знаителна штета има и на кровот на стадионот „Пољуд“, додека во бродоградилиштето „Бродосплит“ беше урната голема дигалка, со што е оштетена и фабричката инфраструктура.
Под налетот на бурата, јажињата на траект на „Јадролинија“ попуштија, по што бродот удри во две други пловила, од кои едното потона. На отворено море спасувачките екипи успешно извлекоа пет лица од едрилица, како и екипажи и повеќе патници, меѓу кои и деца.
Лошото време не го заобиколи ниту Солин и Славонски Брод, каде исто така беа регистрирани пороен дожд, силен ветер и град.
Фото: prinscreen
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата