logo
logo
logo

Сијарто: Зеленски нема да одлучува за пристапувањето на Украина во ЕУ, туку земјите членки

Vecer | 07.10.2025

Сијарто: Зеленски нема да одлучува за пристапувањето на Украина во ЕУ, туку земјите членки

Ваквата реакција Сијарто ја објави на Фејсбук откако Зеленски изјави дека Украина на крајот ќе стане членка на ЕУ, со или без унгарскиот премиер Виктор Орбан, и истакна дека унгарскиот народ веќе ја донел својата одлука.

„Не е претседателот на Украина тој што ќе одлучува колку е подготвена една земја за членство во Европската Унија или која земја може да се приклучи на Унијата, тоа го одлучува самата Европска Унија, каде што за ваквите одлуки се потребни едногласни ставови“, изјави Сијарто синоќа, објави унгарското Министерство за надворешни работи, пренесува МТИ.

Претходно вчера, Зеленски изјави дека Украина ќе стане членка на Европската Унија без оглед на ставот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, објави порталот Калибар.

Тој изрази уверување дека народот на Унгарија ја поддржува Украина, дури и ако ставот на владата на земјата е различен.

Зеленски рече дека членството во ЕУ е избор на украинскиот народ и нагласи дека патот на земјата кон пристапување нема да биде блокиран од ниту една земја-членка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk