logo
logo
logo

Сијарто: Владата сака да ја направи Унгарија повторно голема

Vecer | 25.09.2025

Сијарто: Владата сака да ја направи Унгарија повторно голема

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во обраќањето на Генералното собрание на ОН истакна дека Владата во Будимпешта сака „да ја направи Унгарија повторно голема“, а формулата за тоа е заштита од војната во Украина, од илегалната миграција и од агресивната родова пропаганда.

Според него светот се соочува со војни, растечка закана од тероризам, етнички судири, ширење на екстремни идеологии, нуклеарно оружје, што укажува на тенденцијата за „повторна поделба на светот на блокови“.

- Унгарија се залага за мир и преговори за завршување на судирите, вклучително и Украина, посочи Сијарто, додавајќи дека војните не можат да бидат решени на бојното поле, туку на преговарачка маса.

Тој ја пофали улогата на претседателот на САД, Доналд Трамп во потенцијално мировното решени.

Сијарто се осврна и на миграцијта, потенцирајќи оти Унгарија пред десет години спречила влез на еден милион илегални мигранти со подигнување на ограда долж јужната граница.

- Владата на Унгарија троши милијарди долари за заштита на границата и е подготвена да плати казна на Европска комисија, но нема да дозволи влез на илегални мигранти, истакна Сијарто.

Тој говореше и за унгарската семејна политика.

- За Унгарија семејството сочинето од мајка, татко и деца е основа на општеството и се вложува околу пет проценти од бруто домашниот производ (БДП) за поддршка на семејствата, наведе Сијарто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk