logo
logo
logo

Сијарто: Унгарците јасно ставија до знаење дека не сакаат да имаат никаква врска со нелегалната миграција

Vecer | 14.09.2025

Сијарто: Унгарците јасно ставија до знаење дека не сакаат да имаат никаква врска со нелегалната миграција

Коментирајќи ги медиумските написи дека во Шведска моментално се водат кривични постапки против 280 малолетници осомничени за убиство, Сијарто на „Фејсбук“ изјави дека значењето на „тешката одлука која Унгарија ја донесе пред 10 години им станува сè појасно на сите Унгарци“.

- Без оглед на притисоците. Унгарците јасно ставија до знаење дека не сакаат да имаат никаква врска со нелегалната миграција, порача Сијарто.

Како што нагласи, Унгарија предупреди на неповратните последици од грешките по прашањето на нелегалната миграција.

- Таму каде што слабите лидери на слабите влади им дозволиле на мигрантите да влезат, тие повеќе не можат да бидат протерани, додаде тој. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk