logo
logo
logo

Сијарто: Повеќето земји- членки на ЕУ сакаат да продолжи војната во Украина

Vecer | 24.03.2025

Сијарто: Повеќето земји- членки на ЕУ сакаат да продолжи војната во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека повеќето либерални бриселски лидери сакаат војната во Украина да продолжи, но дека Унгарија останува посветена на својата позиција дека се потребни преговори, врз основа на американско-рускиот договор, за да се запре војната.

Сијарто рече дека Брисел ја покренал идејата за заобиколување на унгарското вето за да може да обезбеди дополнителна помош за Украина. Тој за РТ изјави дека Унгарија во текот на изминатите три години јасно стави до знаење дека нема решение на бојното поле за украинскиот конфликт, кој може да се запре само преку преговори.

„Претходната американска администрација фаворизираше војна, додека претседателот Доналд Трамп сака мир“, рече Сијарто, пренесе агенцијата МТИ.

Тој нагласи дека Унгарија високо ги цени тековните преговори меѓу САД и Русија. Сијарто истакна дека добрите односи меѓу Вашингтон и Москва се добри за глобалната безбедност.

„Светот стана многу побезбедно место благодарение на Трамп. Ризикот од ескалација е далеку помал отколку за време на администрацијата на Бајден“, оцени Сијарто.

Според него, Централна Европа „сега е многу поблиску до мирот отколку кога било во изминатите три години“. Сијарто рече дека лидерите на ЕУ спроведоа „многу лоша стратегија“ од избувнувањето на војната во Украина, нанесувајќи им штета на европската безбедност и економијата. „Секогаш ќе постапуваме во согласност со нашите национални интереси“, рече Сијарто, оценувајќи дека тоа е „непријатно за повеќето европски либерали“, пренесе Телеграф.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk