logo
logo
logo

Сијарто: ОН вообичаено носи надеж за мир, но немаме илузии

Vecer | 22.09.2025

Сијарто: ОН вообичаено носи надеж за мир, но немаме илузии

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денеска изјави дека во последните месеци има приближување кон решение за неколку вооружени конфликти низ целиот свет, но дека војната најблиску до Унгарија е исклучок, претставувајќи уште поголема опасност од претходно.

„Генералното собрание на Обединетите нации вообичаено носи надеж за мир, но гледајќи ја ескалацијата на настаните и провоените ставови, немаме илузии. Во исто време, ова не значи дека не треба да вложиме максимални напори за да се осигураме дека Генералното собрание на ОН нè приближува до мирот“, рече Сијарто во објава на Фејсбук, пренесена од унгарската агенција МТИ.

По тој повод, Сијарто објави дека во текот на следната недела, Унгарија ќе ги поддржи сите иницијативи што го приближуваат мирот и ќе отфрли сè што претставува ризик од ескалација.

Генералното собрание на Обединетите нации, јубилејно - 80-то по ред, се одржува оваа недела во Њујорк.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk