Сијарто рече дека новиот пакет санкции на американската администрација во заминување предизвикува сериозни проблеми за Централна Европа, поради што унгарската влада ќе биде во тесна консултација со партнерите во регионот за да се минимизира зголемувањето на цената на горивото.
Во соопштението доставено до агенцијата МТИ, Сијарто истакна дека по воведувањето санкции против НИС, количината на сурова нафта што пристигнува во регионот може да се намали, па затоа и преработката ќе се намали, што ќе доведе до многу поголема потреба од готово, веќе рафинирано гориво, бензин и дизел масло./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата