logo
logo
logo

Сибиха и Калас разговараа за потребата од зголемување на притисокот врз Москва

Vecer | 17.05.2025

Сибиха и Калас разговараа за потребата од зголемување на притисокот врз Москва

Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха, и високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, разговараа за потребата од зголемување на притисокот врз Руската Федерација со цел да се постигне целосно и трајно прекин на огнот.

Сибиха спомена дека ја информирал својата соговорничка за резултатите од интензивните дипломатски контакти во Турција во текот на изминатите неколку дена и за средбата на украинската и руската делегација во Истанбул.

„Се согласивме дека притисокот врз Москва мора да се зголеми за да се постигне целосен и траен прекин на огнот, да се запре убивањето и да се унапредат мировните напори“, истакна тој на платфортмата Х.

Во Истанбул вчера се одржа прв директен состанок меѓу руска и украинска делегација од пролетта 2022 година.

Украинското Министерство за надворешни работи објави дека за време на преговорите во Турција, руската страна презентирала барања неприфатливи за Киев, но дека, со оглед на искуството од преговорите со Русите од 2014 година, украинските претставници знаат како да се справат со тоа./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk