- Се сретнав со Рафаел Гроси во врска со ситуацијата во нуклеарната електрана Запорожје и терористичките акции на Русија. Генералниот директор ги даде најновите информации за тековните критични закани по нуклеарната безбедност во електраната, напиша тој на Х.
Сибиха нагласи дека Русија ја украла украинската нуклеарна електрана и се обидува насилно да ја интегрира во својот енергетски систем, и покрај, како што рече, растечкиот ризик од нуклеарен инцидент.
- Веруваме дека привремениот механизам на управување на МААЕ со НЕ Запорожје е единствената реална опција што останува на краток рок. Ставот на Украина останува непроменет: НЕ Запорожје мора да биде вратена на својот законски сопственик, Украина, што е можно поскоро, додаде Сибиха.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата