logo
logo
logo

Си-Ен-Ен: Русија гради нова железничка врска со окупираниот дел на Украина

Vecer | 27.09.2023

Си-Ен-Ен: Русија гради нова железничка врска со окупираниот дел на Украина

Советникот на прогонетиот градоначалник на Мариупол, Петро Андриушченко, објави дека Русите „почнале да градат железнички мост над реката Калмиус во близина на селото Хранитне, линија што директно се поврзува со руските градови Таганрог и Ростов на Дон.

Андриушченко додаде дека ако се изгради железницата, тоа ќе им овозможи на Русите да транспортираат воени и цивилни резерви на окупираните територии во јужна Украина без да се потпираат на мостот на Крим, кој украинските сили го нападнаа во последните месеци додека се обидуваат да ги прекинат руските линии за снабдување на полуостровот Крим. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk