logo
logo
logo

Си Џинпинг и Путин се договорија за зајакнување на билатералните односи

Vecer | 22.01.2025

Си Џинпинг и Путин се договорија за зајакнување на билатералните односи

Неколку часа откако Доналд Трамп официјално стана претседател на САД, кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин одржаа онлајн средба, на која се договорија за дополнително зајакнување на билатералните односи, објавија државните медиуми во двете земји.

Нарекувајќи го Си Џинпинг „драг пријател“, Путин рече дека Русија и Кина ги градат односите „на основа на пријателство, взаемна доверба и поддршка“ и покрај надворешниот притисок, јави денеска Би-Би-Си.

Си го повика Путин „да продолжи да ја продлабочува стратешката координација, да ја зајакне меѓусебната поддршка и да ги штити легитимните интереси“.

Путин му рекол на Си дека секоја резолуција за руско-украинската војна „мора да ги почитува руските интереси“, изјави за новинарите советникот за надворешни работи Јуриј Ушаков по разговорите на двајцата лидери.

„Путин и Си ја потврдија својата подготвеност да градат односи со САД на взаемна корисна и почитувана основа, доколку тимот на Трамп покаже интерес“, рече Ушаков.

Тој, сепак, рече дека разговорот „во никој случај не е поврзан со инаугурацијата на Трамп“.

Разговорот траеше околу час и половина, а Путин и Си разговараа и за состојбите на Блискиот Исток, Јужна Кореја и Тајван, според Ушаков.

Кинеските државни медиуми објавија дека Си исто така изразил подготвеност да работи со Путин како одговор на „надворешните неизвесности“, без да навлегува во детали.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk