„Свенска Спел“ го затвори казиното „Космопол“ во Стокхолм со непосреден ефект, откако шведскиот парламент одлучи дека сите операции на казина на копно ќе бидат прекинати до 31 декември 2025 година.
Оваа одлука следеше по промената на упатствата на сопственикот на 24 април. Преостанатите казина во земјата ќе бидат постепено затворени, во согласност со новите директиви.
Околу 240 вработени се погодени од затворањето. Започнат е дијалог со синдикатите, а во Стокхолм ќе биде организиран саем за вработување, како што претходно беше случај во Малме и Гетеборг.
Казиното Космопол работеше под државен монопол, а затворањето беше формализирано откако завршија преговорите со синдикатите. Претходно, казината во Сундсвал (2020), како и во Гетеборг и Малме (февруари 2024) беа затворени.
Ола Енквист, извршен директор на Казино Космопол, рече:
- Започнавме дијалог со синдикатите со цел да го спроведеме затворањето на најдобар можен начин за сите вработени. Како и во Малме и Гетеборг, ќе организираме саем за вработување со присуство на неколку компании.
Ана Џонсон, претседател и извршен директор додаде:
- Повеќе од 20 години, Казино Космопол им обезбедува меѓународно казино искуство на гости од целиот свет.
Патем, со затворањето на казиното, „Свенска Спел“ оствари приход од 1,88 милијарди шведски круни во првиот квартал од 2025 година, што укажува на промени во деловната стратегија на компанијата. Овие промени доаѓаат откако Лота Шестедт ја презеде функцијата претседател на Управниот одбор на „Свенска Спел“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата