logo
logo
logo

Шведската полиција приведе тројца нови осомничени за пукањето во фризерски салон

Vecer | 02.05.2025

Шведската полиција приведе тројца нови осомничени за пукањето во фризерски салон

„Шеснаесетгодишникот повеќе не е осомничен за кривичното дело“, изјави Ниберг, кој ја води истрагата.

Меѓу тројцата нови приведени се 20-годишно момче, осомничено за убиство, и уште две други момчиња на возраст од околу 25 и 35 години под сомнение за поттикнување на убиство. 

Три лица на возраст меѓу 15 и 20 години загинаа во пукањето на 29 април во центарот на универзитетскиот град, кој се наоѓа на околу 60 километри северно од Стокхолм. Првиот осомничен уапсен во рок од неколку часа беше 16-годишникот. 

Мотивот за убиствата сè уште е непознат. Полицијата истражува можна врска со криминалот на бандите. Шведска се справува со пораст на насилство меѓу бандите, вклучувајќи фатални пукотници и бомбашки напади, честопати поврзани со расправии за територија околу трговијата со дрога. Познато е дека бандите регрутираат тинејџери и млади за извршување насилни дела. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk