Во последните месеци шведската крајбрежна стража ги засили своите напори за запирање бродови поврзани со Русија. Танкерот „Флора 1“ беше запленет кај јужниот брег на Шведска.
„Флора 1“ исплови од руското пристаниште Приморска и не е јасно која беше неговата дестинација, покажуваат податоците на MarineTraffic.
Не се очекува излевањето нафта да стигне до брегот, соопшти крајбрежната стража, додавајќи дека почнала истрага за сомнителен еколошки криминал утврдувајќи дека бродот е на списокот со санкции на ЕУ и дека статусот на неговото знаме е нејасен.
„Руската флота во сенка, која се состои од постари, слабо осигурени танкери што ги избегнуваат санкциите, претставува значителна закана за безбедноста и животната средина“, рече шведскиот министер за цивилна заштита Карл-Оскар Болин додавајќи дека владата го сфаќа инцидентот сериозно, иако овој пат не станува збор за големо излевање нафта.
Европските земји ги засилија напорите за запирање на таканаречената флота на танкери во сенка што ја користи Москва за финансирање на својата четиригодишна војна против Украина, а Русија ги осуди ваквите потези како непријателски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата