logo
logo
logo

Шведска сака да испрати затвореници во странство, поради пренатрупаност во нејзините затвори

Vecer | 29.01.2025

Шведска сака да испрати затвореници во странство, поради пренатрупаност во нејзините затвори

Шведска планира да испрати осуденици на отслужување на казната во затвори во странство, но одлуката прво ќе треба да биде одобрена од парламентот, објави денеска комисијата назначена од шведската Влада.

Шведскиот министер за правда Гунар Штромер на прес-конференција рече дека „има потреба да се работи со нови решенија“ кога станува збор за затворите, наведувајќи дека земјата веќе преговара со други земји за изнајмување простор во нивните затвори.

Шведска во последните две децении беше погодена од ескалација на криминалот на бандите, што ја доведе земјата на врвот на рангирањето за смртоносно насилство и оружје по глава на жител во Европа, а шведската полиција со зголемен број персонал и финансирање, како и со построги закони постигна напредок во борбата против бандите, така што во последните две години имаше помалку смртоносни пукања и повеќе пресуди. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk