Шведската војска ќе испрати и разузнавачки авион „ASC 890“, се вели во соопштението на владата.
Шведска стана 32-та членка на западната воена алијанса во март, откако Русија ја нападна Украина.
Владата информира дека ова ќе биде првпат Шведска, како сојузник на НАТО, да придонесе за вооружените сили.
Одлуката е донесена откако серијата инциденти на Балтикот ја зголеми загриженоста за можни руски активности во регионот./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата