Претседателката на Швајцарија, Карин Келер Сутер, денеска, по разговорот со американскиот министер за финансии Скот Бесант за високите американски царини, изјави дека Вашингтон има намера да води „привилегирани преговори“ со 15 земји, вклучувајќи ја и Швајцарија.
-Задоволни сме од дискусиите што ги имавме. Американските власти изразија јасна желба да најдат решение со Швајцарија, изјави Карин Келер Сутер.
Таа додаде дека следниот чекор е декларација за намери, што е можно поскоро, по што можат да започнат преговорите, пренесуваат британските медиуми./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата