logo
logo
logo

Швајцарска компанија ќе вложи 50 милијарди долари во САД, се отвораат 11.000 нови работни места

Vecer | 22.04.2025

Швајцарска компанија ќе вложи 50 милијарди долари во САД, се отвораат 11.000 нови работни места

Новартис, уште една фармацевтска компанија од Базел, веќе најави повеќе милијарди инвестиции пред речиси две недели, пишува Swissinfo.

Според денешното соопштение на Рош, парите ќе бидат инвестирани во постоечки локации и нови производствени капацитети. Ова проширување треба да отвори до 12.000 нови работни места - околу 1.000 директно во самата фармацевтска компанија и дополнителни 11.000 за поддршка на новите американски производствени капацитети.

Средствата ќе бидат насочени кон производствените и продажните капацитети во САД за двата одделенија на Roche - фармацевтски производи и дијагностика. Во Пенсилванија се планира изградба на најсовремен производствен капацитет за генска терапија.

Нов производствен центар

Рош, исто така, планира да изгради нов производствен центар од 900.000 квадратни метри за да го поддржи растечкото портфолио на лекови за слабеење од следната генерација. Локацијата на овој центар се уште не е соопштена.

Покрај тоа, Рош ќе инвестира во нов центар за истражување и развој во државата Масачусетс, каде што ќе се спроведуваат врвни истражувања во областа на вештачката интелигенција, а ќе служи како центар за нови истражувачки и развојни активности во областа на кардиоваскуларните, бубрежните и метаболичките болести.

Ќе извезува повеќе лекови од САД отколку што ќе увезува

„Инвестициите објавени денеска ја нагласуваат нашата долгогодишна посветеност на истражување, развој и производство во САД“, рече извршниот директор Томас Шинекер во изјавата. Групацијата е присутна на американскиот пазар веќе 110 години како важен двигател за вработување, иновации и создавање интелектуална сопственост во американската фармацевтска и биотехнолошка индустрија.

Откако ќе профункционираат сите нови и проширени производствени капацитети, Рош ќе извезува повеќе лекови од САД отколку што увезува.

Рош е швајцарска мултинационална фармацевтска и биотехнолошка компанија со седиште во Базел, позната како еден од водечките светски производители на лекови за рак и иноватор во областа на фармацевтските производи и дијагностика. Меѓу нивните најпознати лекови се Avastin, Herceptin и MabThera/Rituxan за третман на различни видови на рак, Tamiflu за грип, Actemra за ревматоиден артритис и Ocrevus за мултиплекс склероза.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk