Швајцарија ги одби барањата на Соединетите Американски Држави за користење на нејзиниот воздушен простор во воени операции против Иран, нагласувајќи ја примената на законот за неутралност.
Швајцарската Федерална канцеларија за цивилно воздухопловство (FOCA) од почетокот на конфликтот одобрила само една третина од 12-те барања на странски држави за прелети кон Блискиот Исток. Од 11 барања на САД, четири биле одобрени, додека едно барање било повлечено, пренесе „Свис инфо“ (Swiss info).
Најголем број барања се забележани на 13 март, а одбиено е и едно барање од Обединетите Арапски Емирати.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата