Главниот извршен директор Мајкл О’Лири проценува дека „Рајанер“ ќе мора да откаже околу 600 летови дневно во првите два дена од штрајкот, кој ќе трае од вторник, 7 октомври, до утрото на 10 октомври, што ќе ја чини компанијата приближно 23 милиони евра, објави „Скај њуз“.
Тој предупредува дека најголемата штета ќе ја сносат патниците, особено оние од Велика Британија, чии летови најчесто се откажуваат поради нивната близина до Франција.
Се очекува најавениот штрајк на контролорите на леттање најмногу да ги погоди летовите што го користат францускиот воздушен простор на пат кон Шпанија, Италија или Грција.
- Француските работници имаат право на штрајк, но нема оправдување за откажување на летовите од Велика Британија до Шпанија или од Италија до Ирска. „Тоа е кршење на правилата на единствениот пазар на Европската унија“, рече О’Лири, повикувајќи го Брисел да ги заштити меѓународните летови за време на штрајковите.
Покрај „Рајанер“, се очекуваат прекини и кај други превозници, вклучувајќи ги „Изиџет“, „Бритиш ервејс“, „Вуелинг“ и „Луфтханза“. Сепак, компаниите велат дека е прерано да се процени колку летови ќе бидат откажани.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата