- Комуникацијата во политиката радикално се менува. Дебатите се префрлаат од квалитетните медиуми на социјалните мрежи, што длабоко ја трансформира демократијата, изјави Штајнмаер за германскиот весник „Аугсбургер Алгемајне“.
Според него, традиционалните медиуми овозможуваат темелна анализа и дебата, додека социјалните мрежи функционираат на црно-бел принцип – „да“ или „не“, без простор за нијансирано размислување. Ова губење на критичката мисла е вознемирувачко, вели тој.
- Заштитата на либералните вредности значи дека мораме да бидеме активни и во дигиталниот простор и да не им оставаме простор на оние што ја загрозуваат нашата демократија, порача германскиот претседател. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата