logo
logo
logo

„МАФИЈА ИЛИ ДЕМОКРАТИЈА“ Шпанците во Мадрид бараат оставка од Педро Санчез (ВИДЕО)

Vecer | 08.06.2025

„МАФИЈА ИЛИ ДЕМОКРАТИЈА“ Шпанците во Мадрид бараат оставка од Педро Санчез (ВИДЕО)

Демонстрантите се собраа на Шпанскиот плоштад во центарот на главниот град, порачувајќи му на Санчез „Поднеси Оставка!“.

Народната партија го свика собирот откако протечените аудио снимки наводно покажуваат дека член на Социјалистичката партија води кампања за клевета против полициска единица која истражува обвинувања за корупција, во која наводно се вклучени сопругата, братот и поранешната десна рака на Педро Санчез.

Социјалистичката членка ги негираше обвинувањата.

Лидерот на Народната партија на Шпанија, Алберто Нуњез Феихо, ја обвини владата за „мафијашки практики“ во аферата, тврдејќи дека Санчез е во центарот на повеќе корупциски скандали.

Народната партија процени дека повеќе од 100.000 луѓе присуствувале на денешниот митинг под слоганот „Мафија или демократија“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk