logo
logo
logo

Шолц: Санциите на Трамп кон Меѓународниот кривичен суд се погрешни

Vecer | 08.02.2025

Шолц: Санциите на Трамп кон Меѓународниот кривичен суд се погрешни

„Санкциите (кон МКС) се погрешна алатка. Тие ја загрозуваат институцијата која треба да обезбеди диктаторите на овој свет да не можат едноставно да ги прогонуваат луѓето и да започнуваат војни, а тоа е многу важно“, рече Шолц на предизборниот митинг пред предвремените избори закажани за 23 февруари, пишува Дојче веле.

Германскиот канцелар го отфрли и предлогот на Трамп за преселување на Палестинците од Појасот Газа.

„Целосно го отфрлам она што го изнесе претседателот Трамп. Не смееме да го преместиме населението на Газа во Египет“, рече Шолц на митинг во Лудвигсбург, во покраината Баден-Виртемберг.

Според него, „мора да се направи сѐ“ за да се спречи понатамошна ескалација на Блискиот исток и да се обезбеди мирен соживот меѓу палестинската држава и Израел.

Трамп потпиша извршна наредба со која се санкционира Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг за напади врз Соединетите држави и нивните сојузници, како што е Израел.

Наредбата наметнува финансиски и визни санкции за „поединци и членовите на нивните семејства кои помагаат во истрагите на МКС во кои се вклучени американски државјани или сојузници“, се вели во документот до кој дојде Си-Ен-Ен.

Санкциите дојдоа како одговор на налозите за апсење издадени од МКС минатата година за високи израелски функционери, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со воените дејствија на Израел во Газа по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk