logo
logo
logo

Шолц најави дека нема да биде дел од преговорите за новата влада на демохристијаните

Vecer | 24.02.2025

Шолц најави дека нема да биде дел од преговорите за новата влада на демохристијаните

„Ако има разговори, на пример меѓу СПД и ЦСУ, јас нема да бидам преговарач во име на СПД“, изјави Шолц за ЗДФ.

Тој нагласи и дека „нема да биде претставник на СПД во влада предводена од ЦДУ, ниту пак ќе преговара за тоа“, објави Дојче веле.

Високи функционери на социјалдемократите по изборниот дебакл и прелиминарните резултати од парламентарните избори, според кои освоија 16,5 отсто од гласовите, најавија кадровска реорганизација.

Актуелниот министер за одбрана Борис Писториус (61) веќе изјави дека сака да преземе водечка улога во преговорите за нова влада. За изборните резултати, тој рече дека тоа е „поразителен, катастрофален резултат“ и дека „нема што да се украсува“.

Тој и честиташе на изборната победа на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и истакна дека сега останува на нејзиниот кандидат за канцелар Фридрих Мерц да го преземе мандатот за формирање влада. „Отсекогаш сме биле подготвени за разговори и остануваме такви. Се работи за одговорност, но не зависи од нас сега да ги направиме првите чекори“, рече Писториус.

Според последните прелиминарни резултати од парламентарните избори во Германија, Демохристијаните на Фридрих Мерц (ЦДУ/ЦСУ) освоија најмногу гласови, при што за нив гласаа 28,5 отсто од гласачите. Зелените, пак, освоија 11,9 отсто од гласовите, Левицата освои 8,7 отсто, а цензусот го помина и партијата Разум и правда на Сара Вагенкнет, со пет отсто од гласовите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk