Тој посочи дека обезбедувањето германски крстосувачки ракети „Таурус“ за Киев ќе доведе до „голем ризик од ескалација“ на конфликтот.
Ракетите Таурус имаат дострел од околу 500 километри и би можеле да се користат за напад врз Москва од украинска територија.
- Реков не, нагласи Шолц, додавајќи оти „тоа важи и за другите оружја“.
Тој посочи дека нема да го промени својот став дури и ако другите земји одлучат да постапат поинаку.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски бара од сојузниците на Украина да и обезбедат оружје со долг дострел за да може да ги нападне руските логистички и воени аеродроми лоцирани далеку зад линијата на фронтот, дури и на руска територија.
Оружјето со најдолг дострел што Германија досега го испрати во Киев е ракетниот фрлач Марс II, кој може да погоди цели на оддалеченост од 84 километри.
САД, Велика Британија и Франција испратија крстосувачки ракети во Украина со дострел до 300 километри./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата