Се верува дека момче (8) побарало од својата пријателка (9) да се фотографира без облека и да му ја испрати сликата- што таа и го направила, пренесува RTL.
Фотографиите како доказ
Малку подоцна, поточно на 11 март, фотографиите почнаа да кружат меѓу основците, бидејќи споменатото момче, како што се сомнева, ги препраќало во група за разговор.
Родителите дознале што се случува и веднаш ја известиле управата на училиштето, а набрзо се вклучила и полицијата.
Властите обезбедиле фотографии како доказ и ги прегледале телефоните на учениците и нивните родители. Покрената е истрага за можна дистрибуција на детска порнографија.
Опсежна истрага
„Сите инволвирани кои активно ги испраќале фотографиите, без разлика дали до училишната управа или до други родители, се испитуваат за да се разјасни случајот“, рече Мелани Бојмлер од полицискиот штаб на Горен Пфалц.
„Нивното испраќање е веќе кривично дело, без разлика на намерата“, додаде таа.
Полицијата итно апелираше до младите: „Ве молиме, никогаш не создавајте ваква содржина! Родителите исто така треба да бидат свесни за ова и да разговараат со своите деца за тоа за да спречат такви дејства“, се вели во соопштението.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата