logo
logo
logo

Шји и Стармер се залагаат за продлабочување на соработката помеѓу Пекинг и Лондон

Vecer | 29.01.2026

Шји и Стармер се залагаат за продлабочување на соработката помеѓу Пекинг и Лондон

Како постојани членови на Советот за безбедност на ОН и важни светски економски играчи, Кина и Велика Британија треба да ги интензивираат дијалогот и соработката, изјави кинескиот претседател Шји Џјинпинг на средбата во Пекинг со британскиот премиер Кир Стармер.

Британскиот премиер повика на продлабочување на односите и соработка со Кина за глобалната стабилност, климатските промени и други прашања.

- Одамна јасно ставив до знаење дека Велика Британија и Кина имаат потреба од долгорочно, конзистентно и сеопфатно стратешко партнерство, наведе Стармер.

Британскиот премиер е во посета на Кина до 31 јануари, а е придружуван од голема бизнис делегација. Тие покрај Пекинг ќе го посетат и Шангај.

Тоа е прва посета на британски премиер на Пекинг од 2018 година – последното патување во Кина беше на Тереза Меј. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk