logo
logo
logo

Шест отсечени човечки глави биле пронајдени на пат во Мексико- покрај нив имало страшна порака

Vecer | 20.08.2025

Шест отсечени човечки глави биле пронајдени на пат во Мексико- покрај нив имало страшна порака

Полицијата не даде можен мотив за убиствата, ниту ја идентификувале одговорната криминална група, објавува Би-Би-Си.

Сепак, според локалните медиуми, покрај главите е пронајдено ќебе со предупредувачка порака до соперничките банди, очигледно потпишано од група наречена „Ла Баредора“ или „чистачот“.

Иако истата група дејствува во западната држава Гереро, сè уште не е потврдено дека тие се одговорни за нападот.

Обвинителството на Тласкала соопшти дека е започната истрага, но федералните власти сè уште не го коментирале случајот.

Регионот каде што биле пронајдени телата се смета за помирен во споредба со деловите од Мексико погодени од интензивно насилство на бандите, како што се Синалоа и Гуанахуато.

Покрај трговијата со дрога, областа има проблем и со шверцот со гориво, познат како „хуачиколео“, кој носи милиони долари приходи за нелегалните групи.

Во јуни, во Синалоа беа пронајдени тела на 20 лица, вклучувајќи четири обезглавени жртви, додека во мај, седум млади лица беа убиени во пукотница на црковен настан во Гуанахуато.

Насилството меѓу картелите во Мексико ескалира во последните години, со стотици илјади убиени и десетици илјади исчезнати од 2006 година, кога владата за прв пат ја распореди војската за борба против нарко-бандите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk