logo
logo
logo

Шефот на Командата на американската војска за Блискиот Исток потврди дека војници на САД нема да бидат распоредени во Газа

Vecer | 11.10.2025

Шефот на Командата на американската војска за Блискиот Исток потврди дека војници на САД нема да бидат распоредени во Газа

Купер на Х напиша дека се вратил од посета на Појасот Газа, каде што разговарал со официјални лица за создавање на т.н. цивилно-воен координациски центар под водство на САД, кој, како што е наведено, ќе „ја поддржи стабилизацијата на конфликтот“ со Израел.

САД преместуваат до 200 војници кои веќе се стационирани на Блискиот Исток во Израел за координација на операцијата, соопштија американски претставници.

Висок американски воен функционер вчера соопшти дека американската војска ќе воспостави таканаречен центар за цивилно-воена координација во Израел, во кој ќе бидат вклучени околу 200 војници. Во него ќе бидат вклучени и сили од арапски и муслимански земји, вклучувајќи ги Египет, Катар и Турција, кои ќе го набљудуваат примирјето и ќе пријавуваат евентуални прекршувања.

Како што јави Би-Би-Си, американските претставници рекле дека ниту еден американски војник нема да влезе во Газа. Работната група е предводена од Централната команда на САД, која е базирана во регионот, и има за цел да го надгледува напредокот на договорот за прекин на огнот, како и да помогне во координација на хуманитарната помош.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk