logo
logo
logo

Шефицата на ММФ порачува: Американските царини се сериозен ризик за глобалната економија

Vecer | 04.04.2025

Шефицата на ММФ порачува: Американските царини се сериозен ризик за глобалната економија

Широкоопфатните царини што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп претставуваат значителен ризик за светската економија, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

- Сѐ уште ја проценуваме макроекономската импликација на овие мерки, но тие очигледно претставуваат сериозна закана за глобалните економски перспективи во време кога растот е слаб, изјави Георгиева.

Таа додаде дека е клучно да се избегнуваат потези кои би можеле дополнително да ја влошат состојбата и повика САД и нивните трговски партнери да работат конструктивно на намалување на тензиите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk