logo
logo
logo

Северна Кореја ги критикува САД за испраќање стратешки бомбардери во Јужна Кореја

Vecer | 17.04.2025

Северна Кореја ги критикува САД за испраќање стратешки бомбардери во Јужна Кореја

Портпаролот на севернокорејското Министерство за одбрана во соопштението вели дека присуството на американски стратешки бомбардери во регионот станало „редовна воена практика“, опишана од Пјонгјанг како „неразумен блеф“.

Бомбардерите Б1-Б летаа над Корејскиот полуостров како дел од заедничките вежби меѓу американските и јужнокорејските воздушни сили во вторникот заедно со борбени авиони, објави тогаш јужнокорејското Министерство за одбрана.

Во последните години, овие борбени авиони учествуваа во вежби кои Северна Кореја постојано ги прогласува за проба за војна против Пјонгјанг. Во исто време, Сеул изјавува дека вежбите се чисто одбранбени.

-Неодамнешните воени маневри се јасна закана за безбедноста на нашата земја, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Северна Кореја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk