logo
logo
logo

Сестрата на Ким Џонг-ун повторно им се заканува на САД: Подготвени сме за акција

Vecer | 07.03.2023

Сестрата на Ким Џонг-ун повторно им се заканува на САД: Подготвени сме за акција

-Демонстративните движења на армиите на САД и Јужна Кореја, како и нивната реторика, која е толку избезумена што повеќе не можеме да ја игнорираме, несомнено создаваат услови Северна Кореја да преземе акција против нив, рече Ким Јо-џонг,.

Сестрата на Ким Џонг-ун не прецизираше какви дејствија може да преземе Пјонгјанг.

Со оваа изјава таа реагираше на вчерашните заеднички воени вежби меѓу Вашингтон и Сеул, во кои беше вклучен и американскиот стратешки бомбардер Боинг Б-52.

Во слични ситуации во минатото, Северна Кореја главно реагираше воено, со тестирање на интерконтинентални балистички ракети, кои секогаш завршуваа во водите меѓу Корејскиот Полуостров и Јапонија. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk