logo
logo
logo

„Сега Вагнер ЌЕ БИДЕ УШТЕ ПООПАСЕН под негова контрола“

Vecer | 24.08.2023

„Сега Вагнер ЌЕ БИДЕ УШТЕ ПООПАСЕН под негова контрола“

Платеничката група на Вагнер ќе биде уште поопасна под рускиот претседател Владимир Путин, навести денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

„Вагнер е под раководство на Путин. Секој сам да си одговори на прашањето: „Дали заканата ќе биде поголема или помала“? Што се однесува до мене, тоа е реторичко прашање“, рече тој на прес-конференција.

Приватната воена група „Вагнер“ беше контролирана од Евгениј Пригожин, за кој се верува дека загинал во авионска несреќа вчера во Русија.

Да потсетиме, авион се урна во регионот Твер додека летал меѓу Москва и Санкт Петербург.

Кремљ се уште не ја коментирал несреќата во која наводно загинал Евгениј Пригожин.

Самиот Путин не ја спомна несреќата за време на говорот во Москва по повод 80-годишнината од победата во битката кај Курск за време на Втората светска војна. Наместо тоа, тој ги поздрави сите војници кои се борат „храбро и решително“ во Украина.

Лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин и стана познат на светската јавност по улогата на неговата платеничка група во војната во Украина.

Денеска беше објавено дека можен наследник на Вагнер да биде Андреј Трошев, пензиониран полковник кој ја извршува функцијата извршен директор на групата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk