logo
logo
logo

Се запали аеродромот во Милано: патниците бегаат во паника, маж со чекан крши сѐ пред себе (ВИДЕО)

Vecer | 20.08.2025

Се запали аеродромот во Милано: патниците бегаат во паника, маж со чекан крши сѐ пред себе (ВИДЕО)

Сè се случило во утринските часови во просторот за пријавување на патници на Терминал 1 на аеродромот Малпенса во Милано, објави Би-Би-Си.

Според сведоците, мажот се појавил во просторот за пријавување со чекан и почнал да ги удира мониторите што прикажувале информации за пристигнување и заминување на летови. Потоа запалил пожар на истото место, во близина на заминувањата, веднаш до портата број 13.

По неколку моменти, бил совладан од обезбедувањето на аеродромот со помош на неколку минувачи, додека другите патници го напуштиле терминалот во паника.

Засега нема извештаи за летови погодени од инцидентот, а терминалот останал отворен во текот на целата интервенција.

На местото на настанот пристигнале и пожарникари, кои го изгаснале пламенот и го проветриле терминалот за да го отстранат чадот. Сè уште не е познато кој е приведениот маж или што го натерало да го стори ова дело.

Според првичните информации, се претпоставува дека станува збор за еден од патниците. Исто така, реагирале и службите за итна медицинска помош, но досега нема пријавени жртви или повредени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk