Инцидентот се случил рано утрово во црквата Мењар Шенкора Арерти Маријам во Амхара, северна Етиопија, додека верниците се собирале на годишен настан посветен на прославата на Богородица, објавува АП.
Сејум Алтаје, доктор во локалната болница, рече дека меѓу жртвите има деца и постари лица.
„Досега потврдивме 25 мртви и повеќе од 100 повредени“, рече Алтаје, додавајќи дека болницата бара поддршка од Црвениот крст за лекување на повредените.
Тешале Тилахун, локален службеник во Амхара, предупреди дека бројот на жртви може да биде поголем.
„Ова е трагична загуба за целата наша заедница“, рече Тилахун.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата