Дводневниот самит на Северноатлантската алијанса започна во Холандија во вторник, со над 9.000 учесници, според холандските власти. Присуството на 45 светски лидери го истакна значењето на овогодинешниот настан, а клучните теми се посветеноста на НАТО кон зголемени одбранбени трошоци и актуелниот конфликт меѓу Украина и Русија.
Претседателот Доналд Трамп во средата се обрати на прес-конференција, пренесувајќи дека е постигнат договор околу одбранбените трошоци меѓу членките на Алијансата. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски, беа меѓу најистакнатите лидери за време на целиот самит.
Ова се главните информации што треба да ги знаете за самитот:
Каде се одржува самитот?
Годинава, самитот на НАТО се одржува во зградата на World Forum во Хаг, Холандија – првпат ваков настан се случува во оваа земја.
Во вторникот, поради пожар на железничките кабли во аеродромот Скипхол во Амстердам, надлежните се сомневаа и на можна саботажа, бидејќи токму тој ден многумина од светските лидери допатуваа во Холандија. Оштетени беа околу 30 кабли од системот кој ја поврзува аеродромот со Хаг, патека долга околу 50 километри. Случајот се истражува од страна на холандските и НАТО институции, вклучително и можноста за подметнување.
Кој присуствува?
Присутни се сите 32 шефови на држави членки на НАТО, како и претставници на Европската Унија и делегации од Украина. Меѓу лидерите што привлече најмногу внимание е Доналд Трамп, кој дојде на самитот во сенка на тензии меѓу Израел и Иран.
Украинскиот претседател Зеленски ја искористи можноста и јавно да ги нагласи потребите на својата земја, додека новиот канадски премиер, Марк Карни, исто така присуствуваше на собирот. Карни на CNN изјави дека американскиот претседател веќе не е заинтересиран за идејата Канада да стане 51ва држава на САД, што се толкува како подобрување на односите меѓу двете земји.
Кои се приоритетите на самитот?
Главната тема на годинешниот самит е одбраната. Се очекува лидерите да потпишат договор за минимум 5% од БДП да биде насочен кон национална одбрана. Од ова, 3,5% се предвидени за традиционални воени трошоци, а 1,5% за други безбедносни инвестиции што го засилуваат колективниот отпор.
На програмата се бројни настани за одбраната, вклучувајќи и Форум на одбранбената индустрија. На форумот говореа и Руте и Зеленски, при што Зеленски јасно ги посочи украинските приоритети и ја изрази благодарноста за напорите и партнерството на НАТО.
Сѐ уште ни е потребна противвоздушна одбрана, имаме поддршка од партнерите и искрено се надеваме дека ќе продолжи, како и копроизводство и поголема воена помош.
Која е улогата на Зеленски?
Зеленски е во центарот на неколку значајни собири по време на самитот. Во вторникот, тој и Руте се сретнаа со челници на ЕУ.
Ќе направиме сѐ што е потребно да бидете доволно силни што Владимир Путин никогаш повеќе нема да се осмели да заземе и еден квадратен километар од Украина.
Во вторникот се одржа и официјална вечера на Советот НАТО-Украина, каде дополнително беа дискутирани теми за одбраната на Украина. Завршниот настан на самитот е средба меѓу Руте, Зеленски и лидерите на Франција, Германија, Италија, Полска и Обединетото Кралство, група позната како Е5.
Кои состаноци ги одржува Трамп?
Трамп во среда настапи заедно со Руте на заедничка прес-конференција. Зеленски изјави дека имале четириесет и пет минутна средба лице во лице. Трамп ја предводеше иницијативата која ги охрабрува членките на НАТО да вложат повеќе од својот БДП во одбраната, додека се труди да го балансира американскиот придонес со оној на европските партнери.
Трамп пристигна на самитот доцна во вторник, токму на време за кралската вечера каде што зборуваше кралот Вилем-Александер од Холандија. Медиумите го критикуваа што ги пропушти останатите настани од денот и беше оценет дека повеќе му дал приоритет на церемониите отколку на дипломатијата.
Што вклучува овогодинешната декларација?
Пред секој НАТО самит се усвојува декларација која ги содржи клучните заеднички цели за годината. За нејзиното официјално прифаќање потребно е одобрување од сите членки. Оваа година акцентот е ставен на безбедноста, одбранбените цели и зајакнување на партнерствата.
Декларацијата експлицитно ја именува Русија како долгорочна закана за евро-атлантската безбедност, но и ја нагласува опасноста од меѓународниот тероризам. Повторно се потврдува едно од главните мотоа на Алијансата – “Напад врз една е напад врз сите.”
Во текстот е опфатена и заложбата на лидерите за потпишување на договорот за БДП и поставување цел амбициозните воени инвестиции да се исполнат до 2035 година, при што напредокот ќе се оценува во 2029 година.
На крај, декларацијата ја реафирмира заедничката посветеност кон зачувување на трансатлантската безбедност и партнерство на сите земји членки.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата