logo
logo
logo

Се преврте брод што се движел кон Канарските острови, загинаа најмалку 69 патници

Vecer | 29.08.2025

Се преврте брод што се движел кон Канарските острови, загинаа најмалку 69 патници

Седумнаесет лица се спасени, а потрагата по другите патници кои биле на кануто кое се движело кон шпанските Канарски острови продолжува, објави Би-Би-Си. .

Според преживеаните, бродот испловил од Гамбија шест дена пред несреќата што се случила во вторникот, превезувајќи околу 160 лица, главно државјани на Гамбија и Сенегал.

Опасното патување преку Атлантскиот Океан стана сè почеста рута за африканските мигранти кои се обидуваат да стигнат до Европа. Според проценките, лани речиси 47.000 луѓе успеале да стигнат до Канарските острови, а обидувајќи се, загинале повеќе од 9.000 мигранти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk