logo
logo
logo

Се појавија снимки од моментот кога авион падна во море близу аеродром во Тајланд (ВИДЕО)

Vecer | 25.04.2025

Се појавија снимки од моментот кога авион падна во море близу аеродром во Тајланд (ВИДЕО)

Шест лица загинаа кога мал тајландски полициски авион се урна во морето, објави АП.

Авионот, според официјалните лица, бил на пробен лет како подготовка за обука за падобранство. Иако моделот на авионот не е официјално потврден, снимките од местото на несреќата покажуваат дека станува збор за авион од типот „Викинг ДХЦ-6 Твин Отер“ со пропелер.

Авионот се урнал во близина на аеродромот Хуа Хин, во покраината Прачуап Хири Кан, соопшти локалниот оддел за односи со јавноста.

Снимките што се појавија на интернет го покажуваат моментот кога предниот дел од авионот се урива во морето. Сè се случило на околу 100 метри од брегот.

Како што претходно беше објавено, сите загионати биле полицајци. Петмина од нив починале на самото место, додека шестото лице починало подоцна во болница.

Причината за несреќата засега е непозната. Властите собираат докази, вклучително и податоци од црната кутија на авионот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk