logo
logo
logo

Се огласи Путин за Пригожин: ТОЈ БЕШЕ ТАЛЕНТИРАН ЧОВЕК СО КОМПЛИЦИРАНА СУДБИНА

Vecer | 24.08.2023

Се огласи Путин за Пригожин: ТОЈ БЕШЕ ТАЛЕНТИРАН ЧОВЕК СО КОМПЛИЦИРАНА СУДБИНА

Рускиот претседател Владимир Путин ја потврди смртта на Евгениј Пригожин, нарекувајќи го началникот на платениците од Вагнер „талентиран бизнисмен“ со „комплицирана судбина“.

На состанокот во Кремљ, Путин за првпат се осврна на падот на деловниот авион на Пригожин во средата, нудејќи им „искрено сочувство“ на семејствата на 10-те луѓе во авионот.

„Пригожин го познавам долго време, од 1990-тите. Направи сериозни грешки во животот, но ги постигна и потребните резултати за себе но и за поголемо добро. Тој беше талентиран човек, талентиран бизнисмен“, рече рускиот лидер, говорејќи за воениот лидер во минато време.

Путин додаде дека Вагнер групата на Пригожин „дала значаен придонес во борбата против нацизмот во Украина“.

„Се сеќаваме на ова, го знаеме ова и нема да го заборавиме“, рече тој.

Путин рече дека му било кажано дека Пригожин се вратил од Африка порано во средата, непосредно пред неговата очигледна смрт, и дека имал состаноци со официјални претставници во Москва. Тој рече дека руските истражители ќе ја продолжат истрагата за несреќата „до крај“.

Рускиот лидер ги даде своите коментари за време на телевизиската средба со Денис Пушилин, лидерот наметнат од Русија на окупираниот регион Доњецк.

Руската Федерална агенција за воздушен транспорт синоќа го објави списокот на патници кои загинаа во Тверската област кај селото Куженкино кога се урна авион Ембраер со десет патници. Во прашање се: Пропустин Сергеј, Макаријан Евгениј, Тотмин Александар, Чекалов Валери, Уткин Дмитриј, Матушев Николај и Евгениј Пригожин. Меѓу членовите на екипажот беа пилотот Левшин Алексеј, копилотот Каримов Рустам и стјуардесата Кристина Распопова.

https://vecer.mk/svet/evgenij-prigozhin-od-blizok-na-putin-poznat-kako-gotvachot-do-vodach-na-neuspeshen-bunt/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk