„Конструктивен состанок со американската мировна делегација. Исто така, продуктивна дискусија на работната група за економија меѓу САД и Русија“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа X.
Тој сподели објава од специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф, кој претходно оцени дека преговорите за решавање на кризата во Украина биле продуктивни и конструктивни и дека е охрабрен од работата на Русија за обезбедување мир во Украина.
На платформата X, Виткоф оцени дека средбата е важен чекор во напорите за обезбедување траен мир во Украина.
Constructive meeting with the US peacemaking delegation. Productive discussion also on the U.S.–Russia Economic Working Group. 🕊️ https://t.co/qrKMIdXjJO
— Kirill Dmitriev (@kadmitriev) January 31, 2026
Во американската делегација беа и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, секретарот за финансии Скот Бесант и комесарот за федерални набавки на американската администрација за општи услуги и виш советник во Белата куќа, Џош Груенбаум.
Виткоф и Дмитриев претходно се сретнаа на 20 јануари, на маргините на Светскиот економски форум во Давос. Трилатералните разговори меѓу Русија, САД и Украина се одржаа во Абу Даби на 23 и 24 јануари, а нова рунда разговори е планирана за утре, исто така во Абу Даби.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата