„Секако, како што веќе јасно ставивме до знаење, го задржуваме правото да преземеме воена акција доколку е потребно. Ако дојде време за тоа, раководството на Кралството ќе донесе таква одлука“, изјави Бин Фархан Ал Сауд по состанокот на група од 12 арапски и исламски земји во Ријад.
Тој додаде дека Иран не верува во разговори со своите соседи, но се обидува да изврши притисок врз нив, дека тоа нема да функционира и дека овој притисок ќе предизвика лоша политичка и морална реакција.
„Не можам да го сметам за случаен нападот врз Ријад додека се среќаваат неколку дипломати... Мојата дипломатска кариера не е толку долга, па (досега) не сум доживеал толку очигледен обид за уцена како ракетниот напад додека се одржува дипломатски состанок“, изјави Ал Сауд на прес-конференција, неколку часа откако осум балистички ракети беа соборени над Ријад.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата