logo
logo
logo

Сар: Израел е подготвен за втората фаза од договорот за прекин на огнот

Vecer | 04.03.2025

Сар: Израел е подготвен за втората фаза од договорот за прекин на огнот

Тој рече дека тоа треба да вклучи ослободување на сите заложници и целосна демилитаризација на Појасот Газа, јави Тајмс оф Израел.

Израел се обидува да изврши притисок врз Хамас да го прифати предлогот за продолжување на првата фаза од договорот за прекин на огнот, кој истече минатата недела, и да ги ослободи сите преостанати заложници во две фази.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац синоќа изјави дека неговата земја ќе ги продолжи преговорите уште неколку дена.

Хамас го отфрли тој план и инсистира на итна имплементација на втората фаза од договорот, кој ќе стави крај на војната и ќе обезбеди целосно повлекување на израелските војници од Појасот Газа. Оваа фаза предвидува и ослободување на сите преостанати живи заложници. Предвидено е во третата фаза да бидат предадени мртвите заложници.

Втората фаза првично беше планирано да почне на почетокот на март, но преговорите за нејзините детали се уште не се одржани.

Во меѓувреме, израелската армија соопшти дека денеска ја проширила офанзивата на нови територии во градот Џенин на Западниот Брег, палестинска територија окупирана од Израел од 1967 година.

- Израелските сили ја проширија својата операција во Џенин, каде што единиците на граничната полиција утринава елиминираа (локален) водач на терористичката организација Хамас, се вели во соопштението на армијата. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk