logo
logo
logo

„Сан“: Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор

Vecer | 05.04.2026

„Сан“: Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор

- Според податоците на Министерството за правда, до септември минатата година, 1.865 Албанци биле испратени во затвор. Албанците ја сочинуваат најголемата група странци во британските затвори, околу девет отсто од вкупниот број затвореници, стои во написот, пренесува „Ора њуз“.

Албанските грѓани се осудени на најмалку една, но и на 10 и повеќе години затвор, за кривични дела главно поврзани со трговија со дрога и луѓе.

- Според позитивните британски закони, странците осудени на повеќе од 12 месеци затвор автоматски се соочуваат со депортација по издржување на затворската казна. Во меѓувреме, се дискутираат законски измени што би можеле да овозможат уште порано депортирање, по издржување на помал дел од казната, наведува „Сан“.

Според истиот извор, од изборите во 2024 година, британските власти депортирале над 58.500 нелегални имигранти и осудени странци.

Постои и договор за трансфер на затвореници меѓу Албанија и Обединетото Кралство, кој им овозможува на лицата осудени на повеќе од четири години затвор да се вратат во Албанија за да ги доиздржат своите казни во нивната матична земја. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk