logo
logo
logo

Само во текот на мај во САД се отворени нови 339.000 работни места

Vecer | 03.06.2023

Само во текот на мај во САД се отворени нови 339.000 работни места

Во мај биле отворени 339 илјади нето нови работни места во најголемата светска економија, по ревидираните 294 илјади во април.

Новите податоци покажуваат дека во март и април се отворени 93.000 работни места повеќе отколку што покажуваа претходните проценки на министерството. Податоците за мај се во согласност со месечниот просек во претходните 12 месеци, кој изнесува 341 илјада нововработени.

Во штотуку завршениот месец беа отворени најмногу нови работни места во стручниот, деловниот и здравствениот сектор и во државните служби. Вработеноста се зголемила во секторите градежништво и транспорт и складирање, како и во системот на социјална заштита.

Приватниот сектор отворил 283 илјади нови работни места, а државата 56 илјади. Стапката на невработеност е зголемена за 0,3 процентни поени во однос на април и изнесува 3,7 отсто, што одразува зголемување на бројот на невработени за 440 илјади, на 6,1 милион.

Од март минатата година, стапката на невработеност во САД е во опсег од 3,4 до 3,7 отсто, соопшти Министерството. Просечната саатница е зголемена за 0,3 отсто во однос на април, на 33,44 долари. Во однос на истиот месец лани е зголемен за 4,3 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk