На состанокот, повеќе од 40 шефови на држави и влади денеска планираат да разговараат, меѓу другото, за војните во Украина и во Иран. Состанокот е засенет од најновите најави од САД за зголемување на царините за европски возила и намалување на воената поддршка за Европа.
ЕПЗ беше основа по руската инвазија врз Украина во 2022 година, со цел да се нагласи изолацијата на Русија. За разлика од советот на Европа со своите 46 постојани членки, ЕПЗ се смета за неформална платформа за геостратешки прашања, дигитализација, енергија и клима. Дискусиите во потесниот круг играат значајна улога на состаноците на ЕПЗ.
За прв пат учествува и еден неевропски шеф на влада, канадскиот премиер Марк Карни. Македонија ја претставува претседателката Гордана Силановска Давкова.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата