logo
logo
logo

САД: Врховниот суд ја поништи смртната казна на осуденик од Оклахома

Vecer | 25.02.2025

САД: Врховниот суд ја поништи смртната казна на осуденик од Оклахома

Глосип, кој беше осуден на смрт во 1997 година за убиството на неговиот поранешен работодавач Бери Ван Трис, повеќепати избегна егзекуција. Иако роднините на жртвата бараа извршување на казната, Врховниот суд пресуди дека постапката против него не била правично спроведена.

Вториот осуден за истото убиство, Џастин Снид, призна дека го ограбил и убил Ван Трис со безбол палка, но сведочеше дека го сторил тоа по налог на Глосип, кој му ветил 10.000 долари. Снид доби доживотна затворска казна во замена за сведочењето, кое беше клучен доказ во случајот. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk