logo
logo
logo

САД воведоа нови санкции за членови на јеменското бунтовничко движење Хути

Vecer | 05.03.2025

САД воведоа нови санкции за членови на јеменското бунтовничко движење Хути

Тие членови на движењето пренесувале шверцувани оружени компоненти и системи во областите под контрола на Хутите во Јемен и договориле купување оружје од Русија, се вели во соопштението на Министерството.

Со санкции е опфатен и Абдулвали Абдох Хасан ал-Џабри и неговата компанија „Ал-Џабри џенерал трејдинг енд инвестмент“ поради регрутирање Јеменци за учество во војната во Украина на страната на Русија и собирање средства за поддршка на воените операции на Хутите.

„Американската влада е решена да побара одговорност од Хутите за набавка на оружје и компоненти на оружје од добавувачи во Русија, Кина и Иран за да ја загрозат безбедноста во Црвеното Море“, рече портпаролката на американскиот Стејт департмент Тами Брус.

Стејт департментот вчера соопшти дека спроведува мерки кои произлегуваат од американското категоризирање на движењето Хути како „странска терористичка организација“ откако американскиот претседател Доналд Трамп повика на сличен чекор претходно оваа година. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk