logo
logo
logo

САД тврдат дека постигнале договор за забрзување на испораките на ретки метали од Кина

Vecer | 27.06.2025

САД тврдат дека постигнале договор за забрзување на испораките на ретки метали од Кина

Претседателот Доналд Трамп претходно изјави дека САД во средата потпишале договор со Кина, без да даде дополнителни детали, и дека може да се постигне посебен договор што ќе ја „отвори“ Индија.

За време на разговорите во Женева во мај, Кина вети дека ќе ги отстрани нетарифните контрамерки наметнати на САД од 2 април, иако не беше јасно како ќе ги поништи некои од тие мерки.

Имено, како дел од својата одмазда на новите американски царини, Кина го суспендираше извозот на широк спектар критични минерали и магнети, со што ги наруши синџирите на снабдување кои се клучни за автомобилската, полупроводничката, воздухопловната и воената индустрија.

„Американската администрација и Кина се согласија за дополнителен рамковен договор за спроведување на Женевскиот договор“, изјави синоќа функционер на Белата куќа за британските медиуми, додавајќи дека договорот се однесува на тоа „како повторно да ги забрзаме испораките на ретки земни метали во САД“, рече тој.

Друг функционер на администрацијата изјави дека договорот меѓу САД и Кина е постигнат претходно оваа недела.

„Тие ќе ни испорачуваат ретки земни метали и кога ќе го сторат тоа, ние ќе ги укинеме нашите контрамерки“, изјави американскиот министер за трговија Хауард Лутник за Блумберг.

Кинеската амбасада во Вашингтон не одговори веднаш на барањето за коментар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk