logo
logo
logo

САД: Талибанците немаат законско право на милијарди долари доделени за земјата

Vecer | 01.02.2025

САД: Талибанците немаат законско право на милијарди долари доделени за земјата

Канцеларијата на специјалниот генерален инспектор за обнова на Авганистан (СИГАР), задолжен за американската помош за Авганистан, објави дека талибанците немаат законско право на милијарди долари доделени за таа земја, бидејќи не се признати како нејзина влада и се под санкции.

Во својот последен извештај објавен во петокот, се наведува дека Конгресот и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп можеби ќе сакаат да го испитаат враќањето на речиси четири милијарди долари наменети за Авганистан под контрола на САД, јавија американските медиуми.

Во 2022 година, САД префрлија 3,5 милијарди американски долари средства на Централната банка на Авганистан кои претходно беа замрзнати во Америка на швајцарскиот фонд за доверба на авганистанскиот народ. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk